По повод 20 септември, Денот на одбележувањето на 100 години од создавање на населбата и дваесет години локална самоуправа Ѓорче Петров, претставници од АРМ присуствуваа на свечената седница за доделување на годишната награда „Ѓорче Петров 2016“.
Градоначалникот на локалната самоуправа, Сокол Митровски по тој повод додели плакета на Армијата на Република Македонија за посебен општествен придонес и афирмација на општина Ѓорче Петров.
Соработката со цивилните власти и организации во земјата е дел од мисијата и задачите на АРМ, а дека улогата на АРМ во општеството е од суштинско значење се потврди низ повеќе форми и проекти на соработка, каде припадниците на АРМ покажаа висок степен на организираност и ефикасност во поддршката и меѓусебната соработка со цивилното население.