Делегација на КФОР предводена од командантот на оваа мисија генерал-мајор Џовани Фунго, денес престојуваше во официјална посета на МО и ГШ на АРМ.
Генералот Фунго кој е на оваа должност од септември оваа година оствари одвоени средби со министерот за одбрана Зоран Јолевски и заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Мухамет Рацај.
На средбата во ГШ на АРМ се разговараше за безбедносната состојба во регионот, ситуацијата со мигранската криза, соработката со силите на КФОР во однос на споделување на информации со АРМ кои се однесуваат на актуелната безбедносна ситуација и потенцијалните терористички закани. Делегацијата од КФОР беше запознаена со трансформацијата на АРМ и учеството во мировните операции, а гостите од КФОР пред ГШ на АРМ ја презентираа безбедносната состојба во зоната на одговорност на оваа мисија, како и активностите и идните планови на КФОР.
Меѓудругото, генералот Рацај изрази благодарност за поддршката од КФОР на Република Македонија при справувањето со последиците од поплавите каде персонал и инженериски машини од составот на КФОР учествуваше во расчистување на теренот.
На работниот состанок заклучено е дека АРМ и силите на КФОР имаат воспоставено одлична соработка за и дека во наредниот период таа ќе продолжи во интерес на безбедноста во регионот.
Во јуни 2007 година, во целосна оперативна готовност беше ставен Координативниот центар за поддршка на земјата домаќин, кој е во составот на Бригадата за логистичка поддршка на АРМ. Негова основна задача е координација со силите на КФОР при царинските и граничните процедури на транспортот, вклучувајќи и други потреби на КФОР од доменот на логистичкото обезбедување, со што АРМ посредно учествува во мисијата КФОР.