Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, на покана од врховниот командант на Сојузничките сили во Европа (SACEUR), генерал Кристофер Каволи, присуствуваше на свечената церемонија по повод примопредавање на командната должност на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа.
Свеченоста се одржа во Врховната команда на НАТО (SHAPE) во Монс, Кралството Белгија, каде што досегашниот командант генерал Каволи ја предаде командата на генерал Алексус Гринкевич.
Генералот Гринкевич е дваесет и првиот командант на SACEUR, а на оваа должност доаѓа од позицијата директор за операции во секцијата Ј-3 на Здружениот штаб во Пентагон.
Првиот назначен командант на оваа команда беше генерал Двајт Ајзенхауер, кој подоцна стана 34. претседател на САД.