Денес, 30-ти декември (вторник), во Домот на АРМ во Скопје, се одржа церемонија за поделба на новогодишни пакетчиња на децата на припадниците на АРМ кои се распоредени во мировните мисии надвор од Република Македонија.
На церемонијата за поделба на новогодишни пакетчиња, присуствуваа Министерот за одбрана Зоран Јолевски и Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески и деца на мировниците од АРМ кои во моментов се наоѓаат во мисиите: „Одлучна поддршка“, „АЛТЕА“ и „УНИФИЛ“.
Министерот за одбрана и Началникот на ГШ на АРМ на присутните им посакаа многу здравје и успех во Новата година, а на поделбата на пакетчињата му претходеше драмската претстава „Дедо Мраз на гости кај…“