Началникот на генералштабот (НГШ) на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, како дел од своите надлежности за обиколки на единиците на Армијата на Република Северна Македонија, пред одбележувањето на Денот на Армијата денес изврши обиколка на касарната Чеде Филиповски Даме во Кичево.
За време на обиколката, генералот Ѓурчиновски изрази поддршка и искажа пофални зборови за досегашниот ангажман на припадниците на Армијата во поддршка на институциите кои во текот на пандемијата на вирусот „Ковид 19“ во континуитет и со несмален интензитет се пружаат на граѓаните и државните институции секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба.
Притоа како една од целите на ваквите обиколки, од страна на НГШ непосредно се согледани функционирањето на единиците и одвивањето на активностите во оваа касарна.