Денес 01-ви Август на стрелиштето „Стенковец“ се реализира завршната вежба во обезбедување на високи воени раководители. Оваа вежба е завршница на успешната тринеделна заедничка обука помеѓу баталјонот за Специјални Намени од составот на полкот за специјални операции и Вооружените сили на Република Турција.
Заедничката обука и размената на искуствата која се реализираше е дел од програмата за билатерална воена соработка за 2013 година. Вооружените сили на Република Турција како еден од нашите искрени пријатели и подржувачи, несебично ги сподели искуствата од доменот на обезбедувањето на високи воени раководители.
Во изминатиот период припадниците на баталјонот за Специјална намена и припадниците на Вооружените сили на Република Турција разменија искуства во теми како што се обезбедување на високи воени раководители во движење, на отворени простории како и обезбедувања на специфични локации како што се конференции, состаноци и сл. Постигнатите одлични резултати на завршната вежба и во текот на обуката само го потврдија фактот дека припадниците на баталјонот за Специјални намени се подготвени за извршување и на вакви задачи во согласност со мисијата на единицата.