Во помен на единаесетте армиски припадници од составот на воздухопловниот Винг кои трагично загинаа во хеликоптерската несреќа пред шеснаесет години, со полагање на свежо цвеќе им се оддаде почит на местото на несреќата кај катлановско Блаце, во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец и во кампот Бутмир во Сараево.
Почит на загинатите припадници на спомен обележјето им оддадоа членовите семејствата и делегации од Генералштабот и Министерството за одбрана, предводена од бригаден генерал Симеон Трајковски, Командата за операции, воздухопловниот ВИНГ, прва пешадиска бригада, членовите на семејствата на загинатите припадници и од локалната самоуправа Петровец.
Претходно почит кон загинатите со едноминутно молчење и венци со свежо цвеќе беше одадена и пред спомен обележјето пред командата на вбр во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, од страна на делегации од Командата за операции воздухопловниот ВИНГ и прва пешадиска бригада.
Годишнината од хеликоптерската несреќа традиционално се одбележува и во кампот Бутмир, Сараево, во Босна и Херцеговина каде нашите припадници беа дел од мисијата „АЛТЕА“.
Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12-ти јануари 2008 година кај катлановско Блаце, враќајќи ги потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, наредниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Александар Тасковски, водниците Мики Ивановски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.