На ден 07.11.2014 година (петок) со почеток во 11.00 часот во касарната „Гоце Делчев“ Скопје се одржа свеченост по повод одбележување на 9-ти Ноември денот на Центарот за Електронско Извидување.
На свеченоста присуствуваа претставници од ГШ на АРМ, команданти на баталјони од составот на АРМ, поранешни команданти и припадници на единицата како и претставници на надворешните институции со кои соработува единицата.
Обраќање пред стројот и гостите имаше командантот на Центарот за Електронско Извидување потполковник Николче Милковски. Во своето излагање командантот на единицата даде краток осврт на историскиот развој на ЦЕИ, постигнатите резултати во работењето на истата и притоа искажа благодарност за одличната соработка со сите внатрешни и надворешни соработници.
По повод денот на ЦЕИ беа доделени стимулативни мерки на дел од припадниците на ЦЕИ за постигнати резултати во работењето и подигање на борбената готовност на единицата.