Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски ја предводеше заедничката делегација на Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија во чиј состав беше и државниот секретар, Драган Николиќ која положи венец со свежо цвеќе пред спомен-плочата на месноста „Карпалак“ по повод деветнаесет години од загинувањето на десет припадници на Армијата.
По тој повод и во центарот на Прилеп со полагање венец со свежо цвеќе пред комплексот „Карпалак“ беше оддадена почит кон загинатите припадници од страна на заедничка делегација од Министерството за одбрана и од Армијата на Република Северна Македонија.
Во нападот на конвојот на армиските сили на патот Скопје – Тетово во близина на селото Групчин кај месноста Карпалак на 8ми Август 2001 година животот го загубија Марко Деспотоски, Нане Наумовски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски, Горан Миноски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Велјаноски, Пеце Секулоски и Веби Рушидоски, од резервниот состав на Армијата, од гарнизонот Прилеп.