Началникот на ГШ на Вооружените сили на Република Хрватска, адмирал Роберт Храњ, денес престојува во официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија.
По приемот со високи воени почести, адмиралот Роберт Храњ оствари средба со својот домаќин, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
На денешната средба се разговараше за унапредување на билатералната воена соработка, соработка во безбедносни иницијативи, искуствата од заедничко учество во oбука и вежби и меѓународните операции предводени од НАТО, како и за соработката во однос на военото образование и користење на капацитетите на АП „Криволак“ за вежбовни активности.
Билатералната соработка на полето на одбраната со Република Хрватска во изминативе години се одвива пред се на полето на воената едукација на наши припадници на воено образовните институции во Хрватска, како и учество на заеднички воени вежби и обука.
Адмиралот Храњ по официјалната посета на Генералштабот, во текот на утрешниот ден ќе присуствува на 26 Конференција на началниците на Генералштабови (НГШ) на армиите од земјите членки на САД-Јадранската повелба (А-5).