Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со амбасадорот на Република Франција во Република Македонија, Н.Е Кристијан Тимоние и новоназначеното резидентно одбранбено аташе акредитиран во Република Македонија, полковник Жан Марк Лавале.
На протоколарната средба, генералот Величковски и амбасадорот Тимоние разговараа за билатералната соработка помеѓу АРМ и француските вооружени сили со изнаоѓање на можности за проширување на досегашната меѓусебна воена соработка.
Во оваа прилика од страна на НГШ на АРМ беше искажано срдечно добредојде и на полковникот Жан Марк Лавале во Република Македонија.
Заблагодарувајќи се за поддршката на Р.Франција кон Република Македонија за вклучување во евроатланската интеграција, генералот Величковски се заложи за понатамошно јакнење и проширување на соработката помеѓу двете армии преку развој на проекти во военото образование и заедничка обука, во функција на поголема интероператибилност на АРМ со НАТО.