По повод чествувањето на 18-ти август Денот на АРМ, денес 17.08.2013 година на градските гробишта во Бутел во Скопје, се одржа церемонија за полагање на венци со свежо цвеќе со воени почести, на партизанските гробишта, на гробот на загинатиот претседател Борис Трајковски, поранешниот претседател Киро Клигоров, како и на гробот на генерал Михаило Апостолски.
Делегацијата од ГШ на АРМ беше предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, а свежо цвеќе положија и делегации на: кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Министерството за одбрана, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други.