По повод одбележувањето на 18-ти август Денот на АРМ, на градските гробишта во Бутел во Скопје, пред вечниот дом на претседателите и врховни команданти Борис Трајковски и Киро Глигоров, на гробот на генерал Михаило Апостолски на партизанските гробишта венци со свежо цвеќе положија: делегација на ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, од Министерството за Одбрана предводена од државниот секретар Елизабета Чуповска Ристова, од кабинетот на Претседателот на Република Македонија, Собранието на Република Македонија, Сојузот на борците од НОВ, Сојузот на резервните воени стрешини на Република Македонија, и други.
На спомен-обележјето на загинатите бранители од 2001 година, на платото во МО и ГШ на АРМ венци со свежо цвеќе положија делегации од МО на предводена од министерот за одбрана Зоран Јолевски, од ГШ на АРМ предводена од Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, роднини на загинатите припадници на АРМ и други.
Со овој чин се оддаде почит на заслужните лица во формирањето и развојот на Армијата на Република Македонија.
Вечерва во касарната „Илинден“ Скопје, со почесна артилериска стрелба со 10 плотуни од артилериски орудија, ќе се најави дваесет и четвртиот роденден на АРМ.