Министерката за одбрана на Република Македонија, Радмила Шекеринска, заедно со Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, во текот на денешниот ден ги посетија припадниците на Армијата на Република Македонија ангажирани во поддршка на МВР за справување со мигрантската криза на јужната граница.
На караулата „Богородица“ на македонско-грчката граница, министерката за одбрана од страна на припадниците на АРМ се запозна со актуелната безбедносна ситуација на јужната граница, задачите кои ги извршуваат агажираните сили, спречените обиди за нелегално поминување на државната граница во реонот на одговорност на АРМ изминатиот период, како и начинот на ангажирање на силите во наредниот период.
Во рамки на денешната посета, на која претходно се изврши обиколка на дел од сместувачките капацитети на припадниците на АРМ во Богданци, присуствуваа и командантите на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Павле Арсоски и 1.механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Мирче Ѓоргоски.