Претседателот на Република Македонија и Врховен командант на вооружените сили, Н.Е. д-р Ѓорге Иванов, традиционално првиот ден од новата година ги посети припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на Новогодишните празници.
Претседателот Иванов оваа година го посети армискиот слад „Еребино“, каде придружуван од Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски им ја честита Новата 2017 година.
Претседателот Иванов на припадниците на АРМ кои извршуваат должност за време на новогодишните празници им ја честита Новата 2017 година и им се заблагодари на придонесот кој го овозможуваат припадниците на АРМ, граѓаните на Република Македонија да ги минуваат во мир и благосостојба.
Во изјава за медиумите претседателот Иванов Честитајќи им ја Новата година им посакувам да продолжат професионално да ги извршуваат сите свои обврски како што тоа го правеа досега. Ја користам оваа можност и да им ја честитам Новата година на припадниците на Армијата на Република Македонија кои се во мировните мисии во странство. Тие се наша гордост и горди сме се што прават и ја промовираат Македонија, рече Иванов.
Тој се заблагодари на Армијата за се што направила досега, како што е обезбедување на границата во справувањето со илегалната миграција, но и за помошта што ја даде во елементарните непогоди што се случија минатата година во скопскиот регион.
За време на посетата, по запознавање со задачите во складот „Еребино“, на припадниците на АРМ им укажа внимание со доделување на ТВ приемник, а потоа имаше заеднички ручек.