Во командата на бригадата за логистичка поддршка во Скопје, се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка, од составот на Здружената Оперативна Команда од АРМ. Должноста Командант на бригадата за логистичка поддршка ја прими полковникот Васко Тошевски, кој досега ја извршуваше должноста на Началник на Ј-4 секцијата (логистичка поддршка) во Здружената оперативна команда.
На свеченоста присуствуваа командантот на Здружената оперативна команда, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригадниот генерал Зоран Милески.
На свеченоста пред присутните со пригодни говори се обратија: командантот на ЗОК генерал-мајор Васко Ѓурчиновски, досегашниот и ново назначениот командант.
Во своето обраќање пред присутните генералот Ѓурчиновски се заблагодари на заменик командантот на бригадата за логистичка поддршка потполковникот Цветко Јаневски за вршењето на досегашното вршење на должноста командант на бригадата во услови на ангажирање на единиците на Армијата на Република Македонија во мигрантската кризна состојба на државната граница и вонредната состојба во Скопскиот регион заради неодамнешните поплави. Генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски на новиот командант полковникот Васко Тошевски му ја честита новата должност и му посака успешно да ја води единицата.
Ново поставениот командант на бригадата за логистичка поддршка полковник Васко Тошевски во својот говор истакна дека должноста која му е доверена ќе ја извршува професионално и одговорно, овозможувајќи навремена и беспрекорна логистичка поддршка на командите и единиците на Армијата на Република Македонија во сите услови.