Во рамките на програмата за одбележување на „18-ти Август“ – Денот на АРМ на ден 12.08.2013 година во касарната „Боро Менков“ Куманово, 13.08.2013 година во касарната „Н. Х. Страшо Пинџур“ Петровец, 15.08.2013 година во касарната „Илинден“ Скопје и 19.08.2013 година во касарната „Јане Сандански“ Штип, ќе се реализира акција за доброволно дарување на крв од страна на припадниците на АРМ.
Во оваа прилика припадниците на АРМ од различни единици уште еднаш ќе ја покажат хуманоста со доброволно давање на крв, со што ќе придонесат во помагањето на спасување на многу животи во Република Македонија на кои им е потребна крв од различни причини. Во акцијата се очекува да земат учество поголем број на припадници на АРМ.