Вчера (29-ти април) во кампот Бутмир кај Сараево, командантот на силите на НАТО во Босна и Херцеговина бригаден генерал Мерле Харт оствари средба со лидерот на медицинскиот тим на АРМ во АЛТЕА потполковник Предраг Станојевиќ.
На средбата, од страна на командантот на силите на НАТО во Босна и Херцеговина, на петнаесеттата ротација на медицинскиот тим на АРМ во мисијата АЛТЕА, му е доделено посебно признание и плакета, за покажаниот висок степен на стручност, професионализам и интероперабилност во изминативе шест месеци.
Медицинскиот тим на АРМ е составен од 10 лица, стручен медински и помошен персонал, чија задача во рамките на мисијата АЛТЕА е обезбедување на општа медицинска помош за потребите на силите на ЕУФОР, кои се сместени во кампот Бутмир кај Сараево.
Признанието за медицинскиот тим на АРМ од страна на НАТО во Босна и Херцеговина е уште една потврда на оперативните способности на АРМ во делот на санитетското обезбедување, како еден од достигнатите стандарди на Алијансата.
Вчера, по повод испраќањето, шеснаесеттата ротација на медицинскиот тим на АРМ, оствари средба со министерот за одбрана Талат Џафери и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а свеченост за негово испраќање беше одржана во бригадата за логистичка поддршка на АРМ. Смената на медицинските тимови во кампот Бутмир треба да се реализира на почетокот на месец мај.