Денес, 24-ти август 2015 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари проштална средба со потполковник Адам Зугај одбранбено аташе на Република Полска во Република Македонија.
На средбата генералот Величковски упати благодарност кон потполковникот Зугај, истакнувајќи го неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Полска, која се развива на повеќе полиња и во измината година се движи во нагорна линија.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на НГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Република Полска во Република Македонија, полковник Силвестер Шулц, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.