Денес, 17-ти септември 2013 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари проштална средба со потполковникот Арнолд Маер, Одбранбено аташе на СР Германија во Република Македонија.
На средбата генералот Котески му се заблагодари на потполковникот Маер за неговата работа и стручен ангажман, при што нагласи дека тој дал соодветен придонес во продолжувањето на одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Германскиот Бундевер.
Должноста Одбранбено аташе на СР Германија, потполковникот Арнолд Маер ја извршуваше во Амбасадата на СР Германија во Тирана, Република Албанија, од каде изминатата година беше надлежен и за соработката на полето на одбраната помеѓу СР Германија и Република Македонија.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за средба и запознавање на НГШ на АРМ со новото Одбранбено аташе на СР Германија за Република Македонија, потполковник Гвидо Алтендорф кој во наредниот период оваа функција ќе ја обавува од Тирана.