Денес, 12-ти август 2015 година, Заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини оствари проштална средба полковник Лучиано Палкано, одбранбено аташе на Република Италија во Република Македонија.
На средбата генералот Сејдини му оддаде благодарност се на полковникот Палкано, истакнувајќи го неговиот придонес во продолжувањето на билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Италија, која се развива на повеќе полиња.
Средбата во ГШ на АРМ беше искористена за запознавање на Заменикот на НГШ на АРМ со новото одбранбено аташе на Република Италија во Република Македонија, полковник Франко Галети кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност.