Од денес до 25-ти април 2014 година во Регионалниот центар за односи со јавноста (РЦОЈ) на Министерството за одбрана, ќе се реализира работилница за медиа тренинг – основно ниво со командантите на баталјони во потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ.
На работилницата, слушателите, ќе се запознаат со основите на комуникациските вештини, развивањето на клучната порака кон јавноста и улогата на медиумите во општеството, а ќе се обучат во основните елементи за давање изјава, интервјуирање и изработка на соопштение за јавноста.
Обуката ќе ја изведуваат сертифицираните инструктори за медиа тренинг од составот на РЦОЈ и АРМ кои низ повеќе презентации и вежби ќе ја изведуваат обука посебно дизајнираната за ваков профил на слушатели.
Се очекува стекнатите знаења за медиа тренинг, да ја унапредат и подобрат соработката со медиумите на локално ниво, а со тоа и транспарентноста на АРМ.