Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски во период од 04.03 до 09.03.2019 година, ќе оствари работна посета на Соединетите Американски Држави.
За време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски е планирано да оствари работна посета на Здружениот Штаб на вооружените сили на САД, во Пентагон и на Националната Гарда на Вермонт.
Во Пентагон, генералот Ѓурчиновски ќе оствари повеќе средби на високо ниво, меѓу кои со Директорот на Националната Гарда на Армијата на САД, генерал потполковник Тимоти Кадеви, со началникот на штаб на Армијата на САД, генерал Марк Мејли и Началникот на Штаб на Директоратот за стратегија, политика и планирање на здружениот штаб на САД, Редм о Конор.
Во Вермонт, генералот Ѓурчиновски ќе оствари средба со командантот на Националната гарда на Вермонт, генерал мајор Стивен Креј, а со делегацијата ќе присуствува на воената свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Националната Гарда на Вермонт.