Заменик на началникот на генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин денес оствари средба со бригаден генерал Умит Јилдиз, кој ја предводи воената делегација на вооружените сили (ВС) на Република Турција со цел усогласување на билатералната воена соработка и планирање на понатамошните активности. Притоа за време на средбата генералите Нуредин и Јилдиз разговараа за континуираната одлична соработка и поддршката која, ја пружат Вооружените сили на Република Турција како наш стратешки партнер.
За време на официјалниот состанок со делегацијата на ВС на Република Турција, на која учествуваше персонал од генералштабот и министерството за одбрана се разгледуваше билатералниот план за активности во текот на 2020 година во повеќе области пред се во полето на военото образование и логистиката и опремување.
Воената соработка со ВС на Република Турција е на постојано високо ниво во повеќе области, а во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, штабни старешини на нашата Армија извршуваат задачи во Регионалната команда за обука советување и асистенција на главниот град која е под раководство на турските вооружени сили.