Во организација на Генералштабот, традиционално и оваа година по 10-ти пат се одржа армиско првенство во крос-кантри трчање.
Кросот се реализира на патеката на стрелиштетото „Стенковец“ во должина од 6 километри во машка и 3 километри во женска конкуренција.
Полковникот Рахиќ пред почетокот на натпреварувањето на учесниците им посака успех и победа за најдобрите, потенцирајќи го високиот степен на физика подготвеност со кој припадниците на АРМ покрај личната промоција одлично ја претставуваат и армијата во земјата и во странство.
Во поединечна женска конкуренција во крос-кантри трчање првото место го освои Марија Пеликон од баталјонот за почести, второ место професионален војник Ангела Гиновска од ренџерскиот баталјон и трето место питомец Ангела Ставрова.
Најдобро пласиран во машка конкуренција е пфв Милош Ранчиќ, второто место му припадна на мајор Игор Јакимовски, додека третото место го освои професионалниот војник Трајче Илиевски.
Екипно првото место во женска конкуренција припадна на Центарот за обука на питомци, а во машка конкуренција на баталјонот за специјални намени.
Припадниците од составот на командите и единиците на АРМ со своето учество практично покажаа дека, физичката кондиција и спортскиот дух претставуваат неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на сите задачи на војничката професија.
По завршување на натпреварите, на најуспешните поединци и екипи им беа врачени медали и пехари.