Утре, (20-ти декември) со почеток во 10.30 часот во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, во организација на Генералштабот на АРМ и Меѓународниот совет за воени спортови на АРМ ќе се одржи седмиот традиционален Новогодишен натпревар во крос-кантри.
На Новогодишниот крос-кантри ќе учествуваат околу сто натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, припадници на контигнетот за мисијата ИСАФ и атлетичари од Атлетската Федерација на Македонија.
Кросот е предвидено да се реализира на патеката во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, во должина од 8 илјади метри во машка и 4 илјади метри во женска конкуренција.
Припадниците на АРМ со масовното учество на кросот уште еднаш ќе покажат во пракса како се изградува физичката кондиција и спортскиот дух како неопходни фактори за здрав живот и успешно извршување на сите задачи.
Се покануваат медиумите, спортските работници и сите љубители на спортот, на дружење и со топол чај да го проследат и да информираат за настанот.