Началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски оствари протоколарна средба со одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, бригаден генерал Георгиос Калогианис.
На денешната средба се разговараше и позитивно беше оценето достигнатото ниво на досегашната воена соработка, притоа истакнувајќи ја важноста на добрата билатерална соработка во доменот на одбраната за целиот регион.
Можностите за понатамошно унапредување на постоечките и проширување преку изнаоѓање на нови облици на билатералната воена соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Грција, беа исто така опфатени за време на денешниот состанок.
Од страна на генералот Ѓурчиновски кој учествуваше на неодамна одржаната меѓународна конференција за безбедност и менаџирање на кризи во Атина, помеѓу останатото се искажа благодарност за нејзината успешна организација.