Началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски денес оствари протоколарна средба со новоименуваната амбасадорка на САД во Република Северна Македонија, Н.Е Кејт Мери Брнс.
На средбата на која присуствуваше и одбранбеното аташе на САД, полковник Тимоти Бјукен, се разговараше за одличната соработка помеѓу Армијата на Република Северна Македонија и Вооружените сили на САД, кои се наш стратешки партнер на полето на меѓуармиската соработка и силен поддржувач за полноправното членство во НАТО.
Соработката со ВС на САД во досегашниот период е најизразена преку Партнерската програма за соработка со Националната Гарда на Вермонт која трае веќе 25 години и која и во иднина ќе продолжи да се развива во нагорна линија.