Заменик на командантот на Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум, генерал потполковник Стјуарт Скејтс денес оствари средба со началникот на генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
На средбата се разговараше за соработка со Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум, процесот на пристапување на нашата земја во НАТО и достигнатата интероперабилност на нашите единици согласно НАТО стандардите.
Притоа генералот Ѓурчиновски покрај искажаната благодарност за поддршката од страна на Командата на Здружени сили на НАТО во Брунсум во интегративните процеси за нашиот влез во НАТО алијансата како триесетта земја членка, каде се должи на целосната наша посветеност и вложениот труд. Притоа беа истакнати придобивките од досегашните наши ангажмани во мировните мисии на кои учествувале речиси 4000 наши припадници, заедничките вежби, како и оценетата борбена подготвеност на нашите декларирани единици на потребното ниво.
Од страна на генералот Скејтс, покрај целосната поддршка за пристапниот процес во НАТО се истакна дека со нашето полноправно членство во НАТО, кое во голема мерка е резултат на професионалноста на нашите армиски припадници при учествата во мисиите и заедничките вежби, ќе започне да се операционализираат и взаемните безбедносни придобивки.
Во рамки на посетата на министерството за одбрана и генералштабот, генералот Скејтс оствари средба со министерката за одбрана Радмила Шекеринска по што се од негова страна се одржа интерактивен брифинг со раководители во министерството и генералштабот.