Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари протоколарна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција во Република Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние кој беше придружуван од одбранбеното аташе потполковник Александар Ноел.
Генералот Величковски посакувајќи му добредојде на амбасадорот, ја истакна важноста од продолжувањето на билатералната соработка во полето на одбраната помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Франција.
Продолжување и проширување на можностите за добра соработка низ нови форми и во иднина во областа на одбраната но исто така и евентуално заедничко учество во мировни мисии предводени од ООН, се заклучоците на денешната средба во Генералштабот.