Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новото одбранбено аташе на Република Грција акредитиран во Република Македонија, бригаден генерал Георгиос Калогианис.
На средбата со новиот воен аташе на Република Грција присуствуваше и досегашниот одбранбен аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис.
На средбата, генералот Величковски упати благодарност кон полковникот Арабатзис за неговата работа и стручен ангажман, како соодветен придонес во билатералната соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Грција.
Должноста Одбранбено аташе на Република Грција во Република Македонија, полковникот Николаос Арабатзис ја извршуваше во изминатите три години.
Началникот на ГШ на АРМ му посака срдечно добредојде во Република Македонија на генералот Калогианис, како и продолжување и проширување на соработката помеѓу двете армии.