Началникот на Генералштаб на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски оствари средба со новоназначеното одбранбено аташе на Народна Република Кина акредитиран во Република Македонија, постар полковник Јун Зху.
Генералот Величковски на полковникот Јун Зху му посака срдечно добредојде во Република Македонија и продолжување на интензитетот со кој се развива билатералната соработка, во областа на одбраната меѓу двете држави воспоставена во 2004 година.
За време на средбата беше изразена благодарност за континуираната поддршка која е во вид на донации во опрема, обука (школа за национална одбрана, командно штабна академија, курсеви за боречки вештини, курс за командири на тимови за специјални операции и др.) на припадници на АРМ во НР Кина.
Редовните средби на високите воени претставници на двете земји придонесуваат унапредување и продлабочување на веќе воспоставените добри односи.