Началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, денес оствари работна средба со новоназначеното одбранбено аташе на Република Хрватска акредитиран во Република Македонија, полковник Маријана Плеша Радониќ.
Началникот на ГШ на АРМ на полковникот Маријана Плеша Радониќ и посака срдечно добредојде во Република Македонија како и продолжување и продлабочување на одличната меѓусебна билатерална соработка.
За време на средбата беа поздравени заедничките ангажмани во рамките на САД – Јадранската повелба како особено значајна за интеграционите процеси на АРМ во евроатланската алијанса.
Генералот Величковски ја истакна како позитивен пример континуираната поддршка на АРМ од страна на Република Хрватска, посебно во военото образование и обуката на припадници од АРМ на високите воени школи и центрите за обука што претставува потврда за одличната меѓуармиска соработка.