Денес, 11-ти декември 2014 година, Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески оствари средба со полковник Дамјана Јурковиќ, Одбранбено аташе на Република Словенија во Република Македонија.
Република Словенија има назначено нерезидентно одбранбено аташе во Република Македонија, при што полковникот Дамјана Јурковиќ должноста ќе ја извршува од Белград, Република Србија.
На средбата, генералот Котески ја истакна одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Вооружените сили на Република Словенија. Посакувајќи и успешна работа на полковникот Јурковиќ, НГШ на АРМ нагласи дека назначувањето на одбранбено аташе, ќе ја унапреди соработката помеѓу двете армии на повисоко ниво.