Заменикот на началникот на ГШ на АРМ, генерал-мајор Азим Нуредин, оствари средба со потполковник Александар Крачковиќ, новоназначениот одбранбен аташе на Република Србија во Република Македонија.
На денешната средбата во Генералштабот на АРМ, генералот Нуредин упати честитки до потполковник Александар Крачковиќ, кој во наредниот период ќе ја извршува оваа должност. На средбата се разговараше за одличната билатерална соработка помеѓу АРМ и Војската на Србија, која се реализира во доменот на школување, обука и вежби.
Генералот Нуредин исто така му се заблагодари на потполковникот Јован Кованџиќ за неговата работа и стручен ангажман, кој должноста одбранбен аташе на Република Србија во Република Македонија ја извршуваше од јуни 2015 година.
ТЛП