Началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски денес во ГШ на АРМ оствари средба со ново назначеното одбранбено аташе на Канада за Република Македонија, полковник Роланд Лавоие.
Генералот Величковски најпрвин му го честита на полковникот Лавоие поставувањето на оваа должност притоа посакувајќи успешно извршување на задачите кои ќе ги извршува како нерезидентно аташе со седиштето во Белград.
За време на средбата, началникот на ГШ на АРМ изрази благодарност за континуираната поддршка од страна на Канада за нашата стратешка определба за полноправно членство во НАТО.
Притоа беа истакнати досегашните облици на воена соработка помеѓу двете арми, особено во сферата на обуката и военото образование на припадниците на АРМ, пред се преку јазични курсеви и семинари.
Исто така се разговараше за понатамошните облици на соработка пред се преку можностите кои ги пружа армискиот полигон Криволак за изведување на предупатна обука за мировни мисии но и за реализација на заеднички вежбовни активности.