Денес, 16-ти август, по повод Денот на АРМ пред зградата на МО и ГШ на АРМ се организира свечен собир на вработените во МО и ГШ на АРМ.
На свеченоста присуствуваа Министерот за одбрана на Република Македонија Талат Џафери, Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Горанчо Котески, Заменик министерот за одбрана на Република Македонија Емил Димитриев, Заменик-Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, државниот секретар во МО на Република Македонија Сашо Стефановски, директорот на ГШ на АРМ бригаден генерал Димче Петровски и останати припадници на ГШ на АРМ и МО на Република Македонија.
„Успехот кој го постигна АРМ не е само успех на Министерството и Генералштабот, тоа е успех на секој припадник на секоја команда и единица. Овој успех е резултат на одговорноста, професионализмот, храброста и ентузијазмот на припадниците на АРМ“ истакна во својот говор НГШ на АРМ. Меѓу другото НГШ на АРМ даде и отчет за сработеното во оваа година, а ги истакна и главните приоритети за наредната година. За време на свеченоста делегации предводени од Министерот за одбрана на Република Македонија, Началникот на Генералштабот на АРМ, Заменик министерот за одбрана на Република Македонија и претставници од семејствата на загинатите бранители од конфликтот во 2001 година положија свежо цвеќе пред спомен обележјето на загинатите бранители од 2001 година пред платото на МО/ГШ на АРМ. На свеченоста воедно беа прочитани и наредбите за унапредените, наградените и пофалени припадници на ГШ на АРМ и МО на Република Македонија.