Во кругот на командата на бригадата за логистичка поддршка (брЛп) во Скопје со воена свеченост се изврши примопредавање на должноста командант на бригадата за логистичка поддршка.
Должноста командант на брЛп од полковник Васко Тошевски ја прими полковник Цветко Јаневски кој на ова место доаѓа од должноста, заменик на командантот на брЛП.
На свеченоста, покрај командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милевски присуствуваа и претставници од ГШ на АРМ и министерството за одбрана, командантите на потчинетите единици на брЛП и други гости.
Во својот говор пред присутните, командантот на ЗОК, бригаден генерал Милески му одаде признание на полковникот Васко Тошевски за вложениот напор и труд, за умешноста во раководењето со брЛП, успешното извршување на задачите како и неговиот придонес во развојот на брЛп. На полковникот Цветко Јаневски му ја честиташе новата должност и изрази уверување дека ќе одговори на предизвиците за непречено логистичко обезбедување на АРМ.
Досегашниот командант, полковникот Тошевски искажа благодарност до сите припадници на брЛп за несебичниот придонес на секој поединец во извршување на секојдневните работни задачи и обврски, а со тоа и успешно реализирање на мисијата на брЛП.
Новопоставениот командант, полковникот Јаневски истакна дека му претставува особена чест но и голема одговорност да биде командант на најголемата логистичка единица во АРМ на РМ, при што изрази благодарност до авторитетите во ГШ на АРМ и ЗОК на укажаната доверба за неговото поставување на должноста командант на брЛП.
На крајот на церемонијален начин се изврши свечено примопредавање на военото знаме на единицата помеѓу досегашниот и новоназначениот командант.