Армијата на Република Северна Македонија зеде учество во активностите по повод одбележувањето на 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија кои оваа година се изведуваа под посебни услови поради пандемијата од „Ковид-19“.
Делегација на Армијата, предводена од Заменикот на Началник на Генералштабот, генерал-мајор Азим Нуредин положи свежо цвеќе пред вечните почивалишта на поранешните Претседатели на Република Северна Македонија, припадници од баталјонот за почести извршија церемонијална промена на државните знамиња пред Владата на Република Северна Македонија, додека ден претходно од страна на припадниците на артилерискиот баталјон се изврши почесна артилериска стрелба со истрелување на плотуни од артилериски орудија.