Делегации на Армијата на Република Македонија зедоа учество во активностите на одбележување на Денот кога е потпишано примирјето и е означен крајот на Првата светска војна. Делегацијата предводена од Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-мајор Васко Ѓурчиновски положи цвеќе и учествуваше на комеморациите на француските и германските воени гробишта во Битола, а делегацијата предводена од началникот на штаб на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Орце Јордев на комеморацијата на британските воени гробишта во Скопје.