Началникот на Генералштабот, генерал мајор Васко Ѓурчиновски учествува на петнаесеттата по ред меѓународна конференција за безбедност и менаџирање на кризи, „Атина 18“ која се одржува од 12-15.11.2018 година во Атина, Република Грција.
Темите на дискусија на конференцијата која е во организација на грчкиот генералштаб на одбраната, се во врска со безбедносните закани поврзани со нелегалната миграција, хибридните облици на закана и меѓународен тероризам, подготовките и изнаоѓање на соодветен начин на реакции во кризниот менаџмент, како и неопходноста од соработка помеѓу меѓународните организации за ефективно справување со кризните ситуации од секој облик.
На конференцијата учествуваат високи воени претставници и стручни лица од областа на кризниот менаџмент од 26 земји од регионот и пошироко. Во текот на престојот во Атина генералот Ѓурчиновски ќе оствари посета на Канцеларија за врски на Република Македонија во Република Грција.
Оваа конференција претставува значаен механизам во споделување на искуства на полето на кризниот менаџмент на која преку дискусии произлегуваат иницијативи за подобрување на ефективноста на институциите во ова поле, а со тоа и подобрување на севкупната безбедност.