Денес, (20-ти декември) во касарната ,,Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово, во организација на Генералштабот на АРМ и Меѓународниот совет за воени спортови на АРМ се одржа седмиот традиционален Новогодишен крос-кантри.
На Новогодишниот крос-кантри учествуваа над сто натпреварувачи од сите команди и единици на АРМ, припадници на контигнетот за мисијата ИСАФ и атлетичари од Атлетската Федерација на Македонија.
Победник на годинешниот Крос-кантри во машка конкуренција на патеката во должина од 8 илјади метри е капетан Игор Јакимовски со време 26:19, додека во женска конкуренција на 4 илјади метри, најдобро истрча Адријана Поп Арсова со време 15:56. Во екипна конкуренција првото место го освои екипата на Полкот за специјални операции (пСО), второ место е екипата на Командата за обука и доктрини (КОД), а третото место го освои втората екипа на пСО, додека кај жените најдобро пласирана е екипата на КОД.
Ниските температури и неповолните временски услови, не беа пречка и годинава, припадниците на АРМ да учествуваат на натпреварувањето во крос-кантри, со што го потврдија високиот степен на физичка подготвеност и кондиција, но и спортскиот дух како важен фактор за здрав живот и успешно извршување на сите задачи.