Денес, 12 септември 2025 година, заменик началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, присуствуваше на церемонија за смена на командантот на НАТО корпусот за брзо распоредување – Италија (NATO Rapid Deployable Corps–Italy, NRDC-ITA).
На церемонијата која се одржа во касарната „Уго Мара“ во Солбијате Олона, Република Италија досегашниот командант, генерал-потполковник Лоренцо Дадарио (Lorenzo D’Addario), му ја предаде должноста на новоназначениот командант, генерал-потполковник Џанлука Караи (Gianluca Carai), кој досега извршуваше должност во мултинационалната команда во Сојузничкиот корпус за брзо распоредување (Allied Rapid Reaction Corps, AARC) распоредена во Обединетото Кралство.
Во рамки на посетата, генералот Нуредин оствари средба со повеќе претставници од NRDC-ITA, при што беше изразена благодарност за посветеноста и поддршката кои Армијата и државата ги даваат како НАТО членка.
NRDC-ITA, во кој водечка нација е Италија, е високо обученa мултинационална команда која е подготвена за брзо распоредување како команда на корпус, команда на копнена компонента или команда на здружени наменски сили за изведување на здружени операции под команда на НАТО, ЕУ или коалициони сили. Во рамките на структурата на NRDC-ITA, Армијата учествува со еден штабен офицер.