Денес, 12 ноември, заменик началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Азим Нуредин, на покана од специјалниот претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Дејм Карен Пирс, присуствува на безбедносен и одбранбен настан кој се одржува на бродот на Кралската морнарица на Обединетото Кралство – „Ричмонд“, закотвен во пристаништето Порто Романо, Драч, Република Албанија.
Настанот, кој претставува продолжение на успешниот самит во рамките на Берлинскиот процес организиран од Обединетото Кралство, ги обединува претставниците на шесте земји од Западен Балкан на ниво на началници или заменици на генералштабови.
Фокусот на овој настан е насочен кон актуелни теми од областа на безбедноста и одбраната, како и кон унапредување на соработка за справување со заедничките предизвици.








