Во Центарот за обука и дресура на службени кучиња (ЦОДК) на 10 Октомври заврши Курсот за обука на службени лица од МВР и обука на службени кучиња од чуварска категорија.
Шест припадници полициски службеници од МВР заедно со шест кучиња од расата белгиски овчари познати како кучиња чувари во текот на три седмици успешно ја реализираа обуката на курсот. Курсот го предводеше главниот инструктор од ЦОДК наредник Ристе Гиовски.
По завршувањето на курсот слушателите се здобија со сертификат за завршен курс за водач на службено куче од заштитно патролна категорија. Вакви курсеви редовно се реализираат во ЦОДК за припадници од АРМ и припадници од МВР.