Денес 03.03.2015 година во Центарот за индивидуална обука започна Методички курс за обука на подофицери. Курсот го посетуваат 28 (дваесет и осум) слушатели подофицери од единиците на Армијата на Република Македонија.
Целта на Методичкиот курс за обука на подофицери е осовременување на начинот на изведување на квалитетна индивидуална, колективна и методичка подготовка на изведувачите на обука и правилно менаџирање со времето за реализација на наставните содржини .
Посебно внимание во текот на реализацијата на обуката се посветува на рационалното користење, чување и одржување на наставните средства за обука со кои располага секоја единица.
Со завршувањето на Методичкиот курс подофицерите ќе имаат единствен пристап во реализацијата на обуката, еднообразно пренесување на стекнатите знаења и вештини во сите единици на Армијата на Република Македонија.