Во период од 13 до 27 октомври во Командата за обука и доктрини во просториите на касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес напоредно се реализираа два курса од страна на инструктори од КОД и тоа: курс за дизајнирање и менаџирање на обуката и курс за основна воена обука на студенти стипендирани од Министерството за одбрана.
Целта на курсот за дизајнирање и менаџирање е оспособување на слушателите за анализа, дизајнирање, развој и раководење со обуката во единиците преку воспоставен системски пристап кон обуката во Армијата. Со овој курс офицерите и подофицерите ќе се стекнат со разни теми меѓу кои идентификување на улогата и одговорноста на командантите и командирите во обуката како и примена на ефективен организациски пристап на обучување, практична примена на стандардни оперативни процедури.
За времетраење на двонеделната обука, студентот накратко се запозна со дел од темите на основната воена обука. После завршувањето на обуката се реализираше писмен и практичен тест за проверка на стекнатото знаење.
По завршувањето на курсевите на слушателите и стипендираниот студент им беа поделени сертификати од страна на заменикот на командантот на КОД полковникот Дарко Стојкоски каде што им посака успех во нивната понатамошна работа како и имплементирање на ново стекнатите знаења во нивните единици, додека пак на стипендираниот студент му посочи дека со овој процес на обука и запознавање со војничките вредности ќе има уште поголем стимул за својата кариера да ја гради во единиците на Армијата.








