Во рамки на одбележувањето на 18 Август, Ден на Армијата на Република Северна Македонија во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ – Велес во Командата за обука и доктрини се одржа пригодна свеченост. На свеченоста покрај припадниците од КОД, присуствуваа и градоначалници од зоната на одговорност на гарнизон Велес и поканети гости од локалната самоуправа и државните институции на општина Велес.
Во пригодниот говор на командантот бригаден генерал Лулзим Нуредини се наврати на историските моменти од формирањето на Армијата, укажа на значењето на Армијата и улогата која Армијата треба да ја оправда во понатамошниот развој како членка на најголемиот воен сојуз во светот НАТО Алијансата при извршувањето на задачите кои ќе произлезат од самото членство во истата. На крај, на сите припадници на КОД, присутни на денешната свеченост но и на сите тие кои во овој момент се на нивните работни места во и надвор од државата, им го честиташе „18 Август – Денот на Армијата“ посакувајќи им добро здравје и успех во работата.
На свеченоста беа прочитани наредбите за унапредување и стимулативните мерки за припадниците од Командата за обука и доктрини.