Денес, припадниците на Командата за обука и доктрини (КОД) го одбележаа патрониот празник на касарната Алексо Демниевски Бауман.
По повод патронатот, делегација од КОД и делегации од институции од општина Велес положија свежо цвеќе пред бистата на Алексо Демниевски Бауман, која се наоѓа во кругот на касарната и пред бистата која се наоѓа во градот Велес.
Командантот на КОД бригаден генерал Лулзим Нуредини во својот говор се наврати на богатата воена историја на Алексо Демниевски Бауман и напомена дека денес, кога работиме и делуваме во оваа касарна која го носи неговото име, треба да се потсетиме на неговиот непоколеблив дух и неговата борба за слобода ни биде водилка за посветена работа, чување на веќе воспоставеното и постигнување повисоки резултати. Нека неговото име биде вечна инспирација за нас, за идните генерации и за сите оние кои веруваат во слободата, правдата и достоинството на човекот.
Патронатот беше одбележан и со историски час за животот и делото на Алексо Демниевски Бауман кој беше презентиран од страна на ученик од ООУ Васил Главинов од Велес, а исто така се презентираа и лични биографски документи предадени во наследство на касарната.
Одбележувањето заврши со уметничка програма од страна КУД Коле Неделковски од Велес.
С/Г