Во командата за обука и доктрини во текот на денешниот ден се реализираше првична посета од страна на назначениот советник од Вооружените Сили на Обединетото Кралство во Министерството за Одбрана и Армијата, бригаден генерал Хју Лојд Џонс.
За време на посетата од страна на командантот на КОД, бригаден генерал Методи Хаџи Јанев и дел од штабот, генералот Џонс беше запознат со мисијата, капацитетите, опремата и активностите како и за предизвиците за иден развој и надградба на центарот за симулации.
Во текот на реализација на посетата бригадниот генерал Џонс го посети центарот за симулации каде во тек е реализација на компјутерски симулирана вежба со симулациската платформа JCATS (Joint Conflict and Tactical Simulation) на која учествува персонал од единиците првата механизирана пешадиска бригада кои извежбуваа, артилериски баталјон во поддршка на оклопно механизирани единици во одбрана.
Посетите кои ги остварува генералот Џонс во улога на советодавен воен претставник на Обединетото Кралство е врз основа на билатералниот договор и одличната соработка со Вооружените Сили на ОК со цел помагање во текот на трансформацијата на Армијата.
СГ